Колку пари трошат МРТ и МРД за адвокатски услуги во судски спор во Лондон?
април 25th, 2012Општ хаос, конфузија и паника владее во Јавните Претпријатија Македонска Радио Телевизија и Македонска Радиодифузија околу адвокатските услуги поврзани со судскиот спор во компанијата ТАРБС во Лондонскиот суд.
Ова е единственото нешто кое јасно се гледа од обемната документација која беше анонимно доставена до Mak Leaks, која делумно ја објавуваме во оваа прилика.
Тоа што воопшто не е јасно е КОЈ плаќа, КАКО се плаќа и конечно КОЛКУ е веќе платено а КОЛКУ (тотуку) ќе се плати до крајот на овој судски спор?
Но, најважно од се, и самите внатрешни документи од Македонска Радио Телевизија укажуваат дека се направени битни пропусти при спроведувањето на постапката за јавна набавка. Имајќи предвид астрономските суми кои произлегуваат од разните документи, се поставува прашањето дали Власта има намера да спроведе истрага за евентуална криминална одговорност ?
Tweet





















